Габриела Балова: Во главата и во нозете ако не си среден, што и да облечеш џабе ти е!
Совети од професионалниот фризер Габриела Балова од студио ФС – Габи Стил
- Колку правилната нега на косата влијае на женската самодоверба?
Наша стара изрека вели вака: Во главата и во нозете ако не си среден, што и да облечеш џабе ти е!
Ако правилно не се негува косата таа не изгледа добро. Затоа барем еднаш месечно треба да се посетува фризер кој ќе даде професионален совет. Искуството на фризерите е непроценливо.
- Со кои козметички препарати најчесто работите?
Со професионалниот бренд IMEL кој нуди палета на производи за негана коса, фарби, шампони, балсами за коса кои се создадени од професионални и долгогодишни фризери, базирана на нивните искуства со клиентите. Во моето долгогодишно искуство за првпат се пронаоѓам во линија за коса што може да ги задоволи моите потреби, како и на моите клиенти, кои се презадоволни од резултатот.
- Дали се доедуцирате?
Во денешно време да бидеш фризер не е лесна работа. Чуда се прават со косата. Токму затоа секое слободно време го користам за доедукација, пред се благодарејќи на интернетот и достапноста на многу едукативни едиториали од светот. Се трудам барем еднаш неделно да посетам семинар, на кој може да се слушне, види нешто ново и поразлично. Секако редовно ги посетувам сите семинари кои ги организира компанијата Вертикал Вејв – која го дистрибуира професионалниот брендот “IMEL”
- Колку често треба да се мие косата?
Честото миење на косата може да ги отстрани сите природни масла од вашата коса што може да предизвика сувост и прекумерно пукање на влакната. Миењето на косата два пати неделно е идеално за одржување на бојата и здравјето на вашата коса.
- Пролетта е одлично време за промени. Дали постои некој тренд кој е актуелен?
Куса со асиметрична форма! Кусата коса се како подмладува без разлика на формата на лицето, но според обликот на лицето сепак треба да се одбере фризурата и колку косата би можела куса да биде. Оние кои имаат долгнавесто лице би можеле да си дозволат и суперкратка, па и машка фризура, куса коса со шишки или уште подобро – куса коса со асиметрична форма. На дамите пак со заоблено лице најдобро би им стоела степенесто потстрижаната коса со умерено кратка должина која би можела да биде замазнета на едната страна или високо подигната под темето.
Секоја сезона диктира нов тренд на фризури. И нема ништо лошо во следењето на тие трендови се додека сме свесни за годините кои ги носиме.
Во познатата реченица „како ни минуваат годините косата треба да нистанува се покуса, а фустанот се подолг“ има голема доза на вистина. Фризурата во голема мера може д а ни додаде десетина години повеќе отколку што имаме или барем за толку да направи да изгледаме помлади. Една тинејџерка многулесно може да заличи на повозрасна со својата дамска пунџа на главата. „Ладните фризури“ подеднакво прават да изгледаме повозрасни.
Најубавите фустани на гламурозната вечер на Канскиот фестивал