“Убиениот”руски новинар се појави жив на прес конференција, украинските власти објаснија се! (Видео)
Рускиот новинар Аркадиј Бабченко за кој се мислеше деkа е убиен во Киев, се појави на прес конференција во Украина. Новинаритe, кои дојдоа на конференција организирана од министерството за внатрешните работи, со цел да дознаат повеќе детали за неговата смрт, останаа шокирани кога го видоа својот колега жив и здрав.
Шефот на украинската тајна служба Василиј Гритцак, им објасни на насобраните дека намерно ја исцeнирале смртта на Бабченко за да ги фатат лицата кои подготвувале атентат врз него.
Во вторникот , укаринската полиција соопшти дека Бабченко, инаку голем критичар на властите во Русија, бил застрелан пред својот дом додека купувал леб.

