Производите на Млекара Здравје освоија 5 Golden Stars за квалитет и вкус на реномиран интернационален кулинарски натпревар

12 јуни 2018 Брисел.

Голем интернационален успех на македонската компанија Млекара Здравје.
Добиено е престижно признание Superior Taste Award со вкупно 5 Golden Stars: 1 за мешаното сирење, 2 за јогурт со 2,8% млечни масти, 2 за мешан кашкавал од Млекара Здравје.

Признанието е од Меѓународниот институт за вкус и квалитет – iTQi – кој е со седиште во Брисел и кој претставува водечка светска организација посветена на оценување на вкусот и квалитетот на прехранбените производи и пијалоци. 

Специјално избрани судии од 15 најпрестижни европски кулинарски и сомелиерски асоцијации ги оценија производите на Млекара Здравје како исклучително квалитетни, со одличен вкус кој остава силен впечаток кај потрошувачите. 

https://www.itqi.com/en/ 

Производите се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, диференцијација во однос на конкурентите, во согласност со стандардите за оцена на Меѓународниот институт за вкус и квалитет – iTQi.  

Секој тестиран производ, се оценува според пет главни сензорни критериуми (прв впечаток, визија, мирис, текстура, вкус, вкус по проба). 

Да се добие вакво признание на најпрестижниот кулинарски натпревар во светот е исклучително признание за Млекара Здравје.  Тоа е потврда дека и во Македонија можеме да создадеме врвни млечни производи, кои може да бидат конкурентни на светскиот пазар, па дури и повеќе од тоа. Ова е признание за целиот тим на Млекара Здравје, кој несебично и макотрпно, континуирано инвестираше во сите сегменти од своето работење за да го унапреди квалитетот на своите производи„ истакна Кристина Камчева Стојческа Управител на Млекара Здравје.  

Целта на натпреварот е да се промовира квалитет и да им се овозможи на производителите да учествуваат на еден интернационален форум, каде ќе можат да ги споредат своите производи и да добијат вредно признание за вложениот труд.  

Вообичаено производите кои стекнуваат признанија од меѓународниот институт за вкус и квалитет – iTQi, важат за високо квалитетни и по добиените награди стануваат барани на светскиот пазар. За производителите, тоа претставува силна препорака во освојувањето на конкурентниот млечен пазар. 

 

 

Translate »