Во Турција стапува на сила претседателски систем, Ердоган добива моќ како ниту еден претходник

Денеска во Турција и официјално стапува на сила претседателски систем. Претседателот Реџеп Таип Ердоган добива овластувања и моќ како ниту еден негов претходник досега.

    
Recep Tayyip Erdogan (picture -alliance/AP Photo/B. Ozbilici)

Претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска ќе положи заклетва во парламентот. Со тоа Турција и официјално ќе премине од парламентарен во претседателски систем. Поминаа само 13 години откако партијата АКП, чиј основач и лидер е Ердоган, со поддршка од населението ги започна преговорите за членство во ЕУ. Тогаш се чинеше дека демократијата, слободата на мислење и социјалниот мир се во подем.

Сега пак Турција се подготвува да му даде досега невидена моќ на претседателот, кој со години е наостроен сѐ поавтократски, поисламистички и понационалистички. Со одземањето на парламентарната контролна функција тој сега ја има контролата врз извршната власт. Сега, со овластувањето да ги избира и судиите, тој ќе го контролира и судството.

Нема споредба со Франција и САД

Ерсин Калајчоглу од Политичкиот центар на универзитетот Сабанџи упатува на тоа дека сз уште е нејасно како ќе се смени системот: „Досега со нас се дебатираше само за основите на новиот систем, така што ниту јавноста ниту научниците не ги знаат деталите“, вели Калајчоглу.

 Erdogan erklärt Sieg bei Parlaments- und PräsidentschaftswahlenКарикатура на Сергеј Елкин по победата на Ердоган на изборите на крајот на јуни

Ердоган постојано повторуваше дека и други големи демократии имаат претседателски систем. Но, новиот систем во Турција во голема мера се разликува од претседателските системи во САД и полупретседателскиот систем во Франција. Така, во САД претседателот нема овластување да го распушти Конгресот. Ердоган пак може да го распушти парламентот и да распише нови избори. Во Франција парламентот ги бира судиите во Уставниот суд. Во Турција претседателот носи одлуки кои се однесуваат на највисокиот суд.

Ерсин Калајчоглу ги нагласува автократските карактеристики на претседателскиот систем во Турција. „И во американскиот и во францускиот систем постои силно граѓанско општество, а ние овде го немаме.“ Ердоган исто така во иднина може неограничено да носи декрети. Досега тоа беше дозволено само во услови на вонредна состојба. Тоа значи дека Ердоган може во секое време да го прескокне судството. Претседателски систем кој функционира со независно и непристрасно судство е практично невозможен. Политикологот Догу Ергил ја дели загриженоста на неговиот колега Калајчоглу. Поделбата на власта и независно судство кои се најважни за една демократија сега се практично укинати, вели Ергил.

Ултранационализмот како закана

Отворено е и прашањето дали со Алијансата, која Ердоган ја основаше за изборите од 24 јуни со националистичката МХП, ќе се зголемат тензиите во земјата. Многумина стравуваат дека тврдокорните ставови на МХП, особено по курдското прашање, и нивното одбивање на одредени демократски вредности, би можело да создаде уште поголема националистичка атмосфера во земјата. На Ердоган му треба МХП за мнозинство во парламентот. Тоа може да биде најголемата пречка за едно мировно решение на курдскиот проблем и за приближување на Турција кон стандардите на ЕУ.

Türkei Istanbul Putschversuch Jahrestag (picture alliance/AP Photo/E. Gurel)Во јавноста во Турција има сѐ понепријателски став кон САД и ЕУ

Во фокусот е и прашањето како ќе се развиваат односите со Западот. Во 1999 година Турција поднесе официјално барање за членство во ЕУ, а на 5 октомври почнаа преговорите за членство. Во изминативе 13 години не е направен голем напредок. Со воведувањето на вонредната состојба пред две години преговорите и де факто беа стопирани. Кати Пири, известувачот за Турција во Европскиот парламент, за ДВ зборува за официјално прекинување на преговорите за членство.

И додека односите меѓу ЕУ и Турција се загрозени со закана дека може да се стават на тенок мраз, и односите со САД се во една од најтешките фази во историјата. Повеќе точки се проблематични меѓу двете земји: Фатих Ѓулен, кој според Ердоган е одговорен за пучот во 2015 година, во моментов живее во САД. Вашингтон во Сирија соработува со курдската ЈПГ, која пак од Турција е означена како терористича организација. Турција пак намерно, и покрај негодувањето на НАТО, реши да купува руски ракети од типот С-400. Сето ова ги стави во ќорсокак односите меѓу САД и Турција.

Во тој контекст, Догу Ергил укажува на неодамнешните анкети на јавното мислење во Турција, според кои САД се помалку популарни во Турција отколку во Иран. Во јавноста има сѐ понепријателски став кон САД и ЕУ, укажува Ергил и тоа независно од политиката на Ердоган Преземено од dw.com.mk

Translate »