Арапите се налутија откако Израел го усвои законот за ,,национална држава на Евреите,,

Под гласни протести, израелскиот парламент го усвои законот за „национална држава на Евреите“. Хебрејскиот отсега ќе биде национален јазик. Други делови од првобитниот нацрт-закон беа ублажени.

    
Jerusalem Altstadt Israelische Fahnen (picture-alliance/NurPhoto/A. Widak)

Израелскиот парламент го усвои во четвртокот нацрт-законот со кој Израел ќе се дефинира како „држава-нација на еврејскиот народ“, во рамки на кој е модифициран контроверзниот член со кој се предвидуваше осигурување на нови локалитети за Евреите.

Со текстот, усвоен со 62 гласа „за“ и 55 „против“, се одредува дека еврејскиот јазик станува единствен службен јазик во Израел, додека порано арапскиот имаше идентичен статус, и се налага дека „еврејските населби (во Израел) се од национален интерес“.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изрази задоволство од гласањето. „Ова е решавачки момент во историјата на израелската држава кој нашиот јазик, нашата химна и нашето знаме ги запишува во мермер“, изјави тој по завршувањето на гласањето.

Во модифицираниот текст се тврди дека „државата смета оти развојот на еврејските населби е од национален интерес и дека државата ќе преземе мерки за поттик, напредување и служење на овој интерес“.

Israel Tel Aviv Protest gegen Nationalstaatsgesetz (Getty Images/AFP/J. Guez)

Со законот се маргинализираат 1,8 милиони Палестинци со израелско државјанство. Палестинските членови во израелскиот парламент го отфрлија законот нарекувајќи го „знаме на ционистичкото законодавство“.

Во претходната верзија на нацрт законот е спомената можност за основање локалитети исклучиво за Евреи што ги исклучуваше арапските израелски граѓани кои сочинуваат 17,5 отсто од вкупното израелско население, мнозински еврејско.

Законот им дава право на самоопределување само на Евреите.

Translate »