Мас: На дофат ви е историска шанса, искористете ја
Се надевам дека сите Македонци на 30 септември ќе го искористат своето пеаво и ќе гласаат на референдумот. На дофат е историска шанса да се реши спорот за името и да се отвори европската перспектива на Македонија. Одллуката е во рацете на граѓание, истакна на заедничката прес-конференција министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Според него, решавањето на спорот за името е важен чекор во правец кон Европа.
– Македонија идната година може да почне преговори со ЕУ. Јас сум сигурен дека кај одговорните лица во Скопје ќе се отвори тој пат. Ние сме за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Тоа е важно за стабилноста на регионот и затоа тоа не е само ваш туку и наш европски интерес. Истовремено, пристапувањето во ЕУ подразбира и други критериуми – правна држава, борба со корупција и органзиран криминал,…, кажа Мас.
Тој посочи дека со решавањето на спорот се покажа дека власта има визија за иднината на Македонија и упати охрабрување да продолжијме по тој пат чекорејќи храбро.
Димитров рече дека со посетата на Мас, на онаа на канцеларката Меркел на Денот на независнота и утрешната на германската министерка за одбрана, не може да има појасен сигнал за германската поддршка која се темели на една основна причини дека Берлин препознава решителнист кај Република Македонија да си ги реши проблемите, да застане на нозе и тргне напред.
– Не само од себични или наши причини сум почестен со оваа посета на Мас. Живееме во Европа која е многу зафатена самата со себе Германија и министерот е пример, столб за сегашната Европа и каде сакаме да одиме, убава комбанинација на европски вредности принципи, рече Димитров.
Нагласи дека го информирал Мас за напорите да се објаснат сите детали на граѓаните за Договорот од Преспа и за придобивките од зачленувањето во НАТО. После овој стратешки чекор нам ни престојат реформи дома, додаде Димитров.
За време на посетата на Мас, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и германскиот амбасадор Томас Герберих денеска потпишаа Декларација за признавање и замена на возачки дозволи меѓу двете земји. Со потпишувањето на декларацијата македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно, македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи.