Пет работи кои Оле Поцкова од ,,Зевзекманија,, никогаш не би ги направила
Оле Поцкова дипломираше филмска и телевизискиа монтажа на ФДУ и е магистер по визуелни уметности. Над 20 години работи на тв проекти , документарни филмови и емисии. 5 години е дел од актерската екипа на емисијата ,,Зевзекманија,, што се емитува на Канал 5 телевизија и е вистинско освежување во емисијата. Таа одговори на прашањето на радар.мк: Кои 5 работи никогаш не би ги направила?
- Никогаш не би се капела со ајкули. Сум гледала видеа на интернет, авантуристи влегуваат во кафез и пливаат буквално до ајкулите. Кога го видов тоа, си реков, јас такво нешто никогаш не би направила.
- Никогаш не би се сончала топлес во Дојран или во Охрид.
- Никогаш не би сакала да живеам на село, па макар и со Џони Деп, по цел ден треба да бидам со гумени чизми и бели подвезици, а јас сум љубител на црни.
- Не би сакала да бидам Груевски, да имаш толку многу пари, толку работи што можат да се видат, а пасошот да не ти врши работа.
- Никогаш не би сакала да дигам тешко, а озгора и да плаќам за тоа.