Проф. Д-р Борче Треновски: Прогресивен vs Рамен данок
Треба на бидеме исклучително внимателни при планирањето и имплементацијата на новиот даночен модел (прогресивен) имајќи предвид дека ваквите промени можат да имаа силно влијание на однесувањето на економските агенти кое што е пресудно за ефикасноста на новиот даночен систем. Суштината на логиката за воведување на порегресивно оданочување се наоѓа во “еднаквата маргинална жртва” односно и богатите и сиромашните да чувствуваат иста “болка” при плаќањето на данок. Иако суштината при промена на даночниот систем во пазарните економии укажува дека даночната реформа не треба да предизвика менување во однесувањето на луѓето и истата треба да собере повеќе приходи од места каде што ќе предизвика помала „болка“. Дали ќе биде вака во случајот на Р. Македонија и што можеме да очекуваме:
Кои се предностите од прогресивниот данок, што можеме да очекуваме?
– Го насочува даночниот товар кон оние кои можат најмногу да платат; oние со најголемо влијание во општеството плаќаат најмногу, постојат анализи кои потврдуваат дека превенира политичка и социјална нестабилност преку ограничување на јазот помеѓу класите, ги штити даночните обврзници во “тешки времиња”
– кога нивниот доход се намалува, исто така и данокот се намалува бидејќи истите влегуваат во понизокданочен распон; дел од економистите успеаја емпириски да потврдат дека најмногу јавни приходи можат да се приберат со овој даночен модел, иако за ова има и спротивни ставови; исто така постојат бројни студии кои покажуваат дека овој даночен модел може да биде добар амортизер/превенција од зголемување на нееднаквоста во општеството.
Меѓутоа особено важно за нас преставува утврдувањето кои се слабите страни и предизвиците кoи со себе ги носи прогресивниот данок.
– определени емпириски студии укажуваат дека може да влијае на “brain drain” – индивидуите со повисок потенцијал за заработка да заминуваат со цел да избегнат повисоки даноци (иако со скромната прогресија која се воведува кај нас ова би била пресилна констатација), или индивидуите ја намалуваат понудата на труд, во определени случаи се намалува и мобилноста со што индивидуите се дестимулирани да бараат повисоко платени работни места; постојат и определени студии кои укажуваат дека може да влијае на намалување на инвестициите, приватната иницијатива и отапување на економската експанзијата на среден рок; најбројни се доказите дека овој даночен модел ги охрабрува побогатите да бидат помалку транспарентни (даночна евазија и зголемување на сивата економија) за нивните приходи; исто така креира покомплексен бирократски систем кој потешко се менаџира и чини повеќе. Во оваа насока на страната на страната на предизвиците се наоѓа и “буџетскиот бунар”
– Нема гаранција дека собраните средства ќе се искористат за конкретни јавни добра или услуги за граѓаните. Како и предизвикот на “ефикасноста на државата” односно колку ефикасно ќе се искористат собраните средства. Дел од досегашните анализи покажуваат дека во прогресивните даночни системи најголемиот даночен товар го поднесуваат оние кои најголемиот приход им доаѓа од плата и кој тешко можат да го пренесат даночниот товар (споредено со најбогатите кои имаа повеќе извори на приходи и можности за флуктуација/манипулација).
Владата веќе ги најави даночните реформи, што во оваа статија ни остава простор да дискутираме за тоа што би требале да превземат креаторите на политиките со цел даночната реформа која ја најавуваат да вроди со успех, или барем да се елиминираат дел од потенцијалните ризици кои ги носи со себе. Секое од овие подрачја преставува предизвик и посебна реформа и “борба” која треба да се води, затоа што подготовката на теренот за спроведување на даночна реформа е особено важен за нејзината успешност. Кои се критичните точки во кои треба паралелно да се делува: Подобрување и развивање на капацитетите на даночната администрација; Елиминирањена налегалните “дупки” во даночната легислатива; Градењеме ханизми за превенција од политички влијанија во економијата; Посебно внимателно однесување со реформите восоцијалната сфера; Елиминирање на честото менување на регулативата и комплексните бирократски процедури; Корупцијата во системот и ефективноста на легалниот систем ;Системски пристап во намалување на сивата економија; Зголемување на транспарентноста и отчетноста; Утврдување на нивоата на индивидуално богатство – кој е навистина богат?; Развивање на култура на плаќање даноци; Треба да се комбинира со мерки за поттикнување на приватната иницијатива и понуда на труд.На крај само би сакал да наведам дека даночните обврзници е “навикнаа” на претходниот даночен систем – и нивната рационалност не треба да се потцени.Она што е спомнувано и јас често го цитирам кога се дискутира за даноци е следново “ Пред државата да одлучи да ги зголеми ДАНОЦИТЕ треба да им докаже на граѓаните/бизнисите дека е транспарентна, отчетна и ефикасна во трошењето“.
Преземено од Faktor.mk