(Видео)-Од “Македонија блокира” му ја пееја песната “едно име имаме” на пратеникот Крсто Муковски

loading...

Припадници на Македонија – блокира синоќа протестираа пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани, а во сабота ќе протестираат пред домовите на пратениците од Охрид, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои исто така гласаа за отворање на Уставот.

Тие гласаа „За“, по што беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. Пред домот на Мукоски беше кажано дека народот си го кажа своето на референдумот, и тие се должни тоа да го почитуваат. Се спомнаа притисоците за кои сметаат дека им се вршени. Бараат од Мукоски да се откаже од промена на името. Истото ќе биде побарано од другите негови колеги, а целта е да ги разубедат за уставните измени за кои и понатаму ќе треба да се гласа. Со запалени свеќи и пеење на патриотски песни претставниците на Македонија – блокира се движеа низ Вевчани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »