Крадец и полицаец загинаа при грабеж на банка во Косово
Крадец и полицаец загинаа при грабеж на банка во Косово. Припадник на полицијата на Косово починал кога во него пукал крадец што се обидел да ограби банка во градот Исток.
Според портпаролот на косовската полиција, Џеват Ибрај, починал и крадецот.
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, соопшти дека полицаецот се вика Изет Демај.
„За да им помогне на граѓаните што биле држени како заложници за време на грабежот на една банка, не мислејќи на себе, за жал, го изгуби животот. Изет е пример како се брани животот на граѓаните. Сочувство за семејството Демај и за косовската полиција“, напиша Харадинај на „Фејсбук“.