НСА: можно e да има воен судир на Балканот

Во најновиот извештај на американската Национална разузнавачка агенција, кој веќе е разгледуван во Сенатот, се спомнува дека оваа година е можно да има судир на Балканот.

Како што наведува Спутник, Балканот не е спомнат во текот на расправата, но е во извештајот.

„Западен Балкан, речиси сигурно, ќе биде под одреден ризик од насилство на ниско ниво и можен отворен воен судир во текот на 2019 година“, се наведува во извештајот на НСА.

Исто така, стои дека „Русија ќе настојува да ги искористи етничките напнатости и високите нивоа на корупција за да спречи земјите од овој регион да се движат кон ЕУ и НАТО4.

Коментирајќи ги наводите од извештајот, аналитичарот Александар Павиќ укажува за Спутник, дека она што навистина го пишува, а тоа е можноста за војна, е реалност од проста причина што за тоа зборуваат американски официјални лица.

„Постојат добри шанси за тоа затоа што Америка се појавува и како паликуќа и како пожарникар. Ако тие инсистираат, да ги притискаат Србија и Република Српска да влезат во НАТО и по секоја цена да се постигне некој договор за Косово, секако тогаш поголеи се шансите за избивање конфликт. Значи, најмногу зависи од однесувањето на Американците, а тогаш и за останатите западни сили кои овде имаат воена, медиумска и финансиска надмоќ на теренот“, укажува Павиќ.

Констатацијата е дека од 42 страници на извештајот само две реченици се посветени на Балканот, сепак соговорникот тоа не го гледа како недостаток на интерес за Балканот, туку напротив.

„Внатре во Европа во извештајот се издвоени само Балканот, Турција и Велика Британија поради Брегзит. Според тоа произлегува дека токму тоа се главните невралгични точки и со тоа секако и кинеското влијание во Европа. Тоа дури, не е и ништо ново. Во август, американскиот функционер задолжен за Европа и Евроазија, Вес Мичел, во заминување, ги наведе Балканот, заедно со Украина и Грузија, како места кои се на првата линиа на фронтот во борбата против руското влијание“, напоменува одличниот познавач на американската политичка сцена.

На прашањето дали тоа треба да значи да се очекуваат дополнителни притисоци на Србија и На Република Српска, Павиќ нема дилема: „Апсолутно“.

Translate »