Совети од мудрите луѓе!
Овој свет, иако заснован на вистина, сепак бара рамнотежа, и затоа нас мудрите луѓе не предупредуваат на тоа дека постојат некои работи кои, сепак, најдобро е да ги задржиме за себе.
Првото што треба да го зачувате како тајна, велат мудрите, се вашите долгорочни планови.
Обидете се да молчите до моментот додека вашиот план не се оствари. Сите наши идеи не само што не се совршени, туку и имаат доста слаби места по кои е лесно да се нанесе удар и да се урнат.
Второ, не зборувајте за својата добродушност – таа е реткост во светот, и затоа треба да ја чувате како зеницата на вашето око. На се фалите за добрите дела. Гордоста веднаш ќе го препознае тоа и ќе ја одземе цела добрина која е дадена во добротворни цели.
Трета работа за која не треба да зборувате, а по препорака на мудрите луѓе, е својот аскетизам.
Не зборувајте наоколу за своите ограничувања во прехраната, за сексуалните односи итн. Физичкиот аскетизам носи корист само ако е во комбинација со емоционалните компоненти.
Четврта работа за која би требало да молчите – својата храброст и јунаштво. Во животот некој добива надворешни, а некој внатрешни предизвици.
Надворешните се видливи, затоа луѓето за нив добиваат награди, но превласта над внатрешните предизвици никој не ја забележува, па поради тоа не се добива ни награда.
Петта работа која не е потребно да ја зборувате пред другите – се своите семејни проблеми.
И воопшто за својот приватен живот. Запаметете, колку помалку зборувате за проблемите во своето семејство, тоа ќе биде посилно и постабилно. Расправијата е ослободување од негативна енергија, која се собрала во процесот на комуникација.
И шесто, тоа што не вреди да се спомене, се грозните зборови и трачеви кои ги слушате во текот на денот.
Можете да ги извалкате чевлите на улица, а можете да ги извалкате во својата свест. И човек, кој се враќа дома, и ги прераскажува сите глупости што ги слушнал во текот на денот, по ништо не се разликува од човек кој влегол дома и не ги соблекол чевлите.