ВИДЕО: Убиство сред бел ден на бензинска
Надзорна камера во Мексико сними застрашувачки момент во кој вооружени напаѓачи фаќаат возач во заседа на бензинска пумпа и го убиваат среде бел ден.
Снимката е направена на бензинска во Мапек, а на неа е забележано ладнокрвно убиство на маж во погребна кола, пишува Daily Mail. На местото на настанот пристигнала мексиканската Национална гарда, агенти на државната полиција и брзата помош, но возачот веќе бил мртов.
Идентитетот на жртвата не е јавно откриен, не е познато дали убиството е поврзано со конфликти меѓу нарко картели. Не се пријавени апсења поврзани со случајот.