Фармерите со кои соработува Лакталис МК во посета на Саемот AGROTICA 2020 во Солун

loading...

Млекарницата Лакталис МК на ден 01.02 оваа година по шести пат организираше посета на Саемот AGROTICA 2020 во Солун, кој важи како најголемото собирно место за фармерите и земјоделците кои сакаат да видат како изгледаат најновите напредоци на полето на сточарството, земјоделството и земјоделската опрема.

Секоја парна година Саемот AGROTICA ја изложува најмодерната земјоделска опрема од производителите ширум светот, а секоја непарна година се претвора во Саем за сточарство кој опфаќа се’ од говедарство, живинарство, па до кинологија и фелинологија. Саемот, кој се одржуваше од 31.01 до 02.02, е најблиското место каде македонските фармери можат да ги проследат најновите машини и опрема која се користи во земјоделието.

Оваа година, Лакталис МК организираше посета на Саемот за 41 фармер, тројца ветеринари и шест вработени во одделот за откуп на млеко. Тие имаа шанси да разгледаат дел од земјоделските машини и опрема кои беа изложени, но и да се споделат искуства со други земјоделци кои беа допатувани од повеќе земји, што резултираше во рекордно голема посетеност на AGROTICA.

Сите патници од посетата на Лакталис МК за доручек добија мазниче и јогурт од Идеал Шипка, а откако го напуштија Саемот имаа можност да го посетат трговскиот центар COSMOS. Овогодишното издание на AGROTICA сруши три рекорди: собра најголем број изложувачи, покри најголема површина досега и имаше најголем број посетители во неговото 28-годишно постоење.

Translate »