РАЗЛИКАТА ВО СИМПТОМИТЕ ПОМЕЃУ КОРОНА ВИРУСОТ, ГРИПОТ И НАСТИНКАТА (ИНФОГРАФИК)

Кивање, болки во телото, болки во грлото и затнат нос се некои од симптомите што обично ги имаме кога сме настинати. Според податоците на Светската здравствена организација, не сите од овие знаци се присутни и за време на корона вирусот и обичниот грип.

Слични симптоми кај Ковид-19 и сезонски грип

Коронавирусот и сезонскиот грип се респираторни болести, што значи дека двете можат да предизвикаат сериозно оштетување на белите дробови. Разбирливо е дека голем дел од нивните симптоми се слични:

  • Температура
  • Кашлица
  • Болки во мускулите
  • Замор
  • Суво грло
  • Тешко дишење

Помеѓу помалку честите симптоми на Ковид-19 се вбројуваат и губењето на сетилата за мирис и вкус, вртоглавица и останато. Постојат интересни наоди за симптомите – сезонскиот грип често започнува брзо и пациентот се жали на повеќе од еден симптом, додека симптомите од коронавирусот се случуваат еден по друг, многу побавно.

Ако се сомневате дека сте болни, престанете да излегувате на состаноци. Обидете се да не го загрозувате вашето здравје, како и здравјето на вашите колеги и роднини.

Лесна инфекција?

Истражувањата се обидуваат да ја пронајдат врската помеѓу инфлуенцата и Ковид-19. Анализите од Кина покажуваат дека пациент со коронавирус заразува во просек околу 2-3 лица, додека пациент заболен од сезонски грип околу 1,272! Затоа, Ковид-19 во моментов се смета за зараза која е поопасна, но мора да се потсетиме дека овој вирус е прилично нов и потребно е уште проучување за да се знаат деталите околу него.

Фактот сепак стои дека мора да се чуваме од двете болести и да се грижиме за другите – во случај на појавување на симптоми најдобро е да избегнувате контакт со луѓе и да се заштитите себеси, роднините и пријателите. Ова особено важи за оние кои имаат влошен имунитет или болести како пневмонија, кои би можеле да ги стават во сериозна опасност.

Превенција – сличности и разлики

Многу е тешко да се заштитите себеси во целост од сезонски грип или коронавирус, но постојат начини со кои можете значително да го намалите ризикот од инфекција. Некои од нив се погодни за заштита од двете зарази:

  • Контакт од далечина, без допири и блиски средби
  • Совршена лична хигиена (редовно миење раце, користење на средство за дезинфицирање)
  • Дополнителна лична заштита (маска, визир)

Вакцината против Ковид-19 е се’ уште во изработка, но за среќа вакцината против сезонски грип постои уште одамна. Дополнително, таа се подобрува секоја година со ажурирање на формулата за да одговори на сезонските варијации на инфлуенцата. Со примање вакцина против сезонски грип, го намалувате бројот на закани на вашето здравје. На овој начин обезбедувате и пасивна заштита за вашето семејство, ако од некоја причина тие не се вакцинирани.

Превенцијата е особено важна за луѓето со хронични болести, постарите роднини и пријатели, како и оние кои имаат послаб имунитет.

Ви посакуваме единствениот симптом кој го чувствувате да биде среќа!

Translate »