БИШЕВАЦ: ОВАА ВЛАСТ САКА ДА ВОДИ КАМПАЊА КАКО ВУЧИЌ ПРЕД ВИДЕО-БИМОВИ СО СВОИ ПОДДРЖУВАЧИ

„Трчањето пред руда нема да му донесе добро на овој народ. Неколку десетици илјади луѓе треба да бидат вклучени во изборниот процес. Ако сакате да ја водиме кампањата како Александар Вучиќ пред видео-бимови со своите верни поддржувачи тогаш не знам. А мислам дека оваа власт не е далеку од таа идеја“, вели Сафет Бишевац за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Според него, здравствената состојба не е јасна.

„Ако Битиќи вели дека ќе имате викенд без ДДВ кон крајот на август или почетокот на септември, тогаш зошто да нема тогаш и избори? Во што е проблемот и разликата?“, прашува тој и додава дека двојните аршинии се познати во политиката на Зоран Заев.

Translate »