Британците со дрва и камења по Роналдо и Надал бидејќи се допингуваат, открија зашто експресно се опоравуваат по повредите

Во последните неколку години голем дел од најдобрите светски спортисти користат третман на матични клетки за побрзо опоравување од повредите и враќање на терените.

Британскиот таблоид „Сан“, ги обвини едни од најголемите спортисти на денешницата Кристијано Роналдо и Рафаел Надал дека се лечат со матични клетки чиј третман чини од 4.000 па се до 15.000 фунти.
Идентичен третман користи и Мајк Тајсон, кој јавно го призна тоа.

– Знаете што направив? Имав третман со матични клетки. Се чувствувам како нов човек, но не можам да објаснам зашто. Навистина е лудо што се можат да направат лекарите во ова време – изјави неодамна Тајсон.

Со овој третман се лечат: воспаленија на тетивите, истегнување на мускулите, артритис, дегенеративна болест на кичмениот столб… „Сан“ наведува дека матичните клетки се добиваат од крвта од папочната врвка на новороденчињата, од коскена срж или телесна маса, а се вбризгуваат на повреденото место.

Овјо третман помага во намалување на болките, воспаленијата, го зголемува протокот на крвта и овозможува телото многу побрзо да се опорави. „Сан“ открива дека Роналдо и Надал кога се повредени го користат токму овој третман, кој според таблоидот е недозволен и претставува допинг.

Кристијано Роналдо кој пред четири години беше член на Реал Мадрид пред натпреварот со Манчестер сити во Лигата на шампионите имаше проблеми со тетивата на коленото поради што го пропушти првиот натпревар.
Во реваншот, кој се играше три недели, Роналдо изненадувачки се најде во првиот тим.

Рафаел Надал има хронични проблеми со коленото кое во неколку наврати во текот на кариерата на неколку мсеци го одвојуваше од терените. Но, третманот со матични клетки му помогна да ги надмине проблемите.

Сите знаат за хроничните повреди на Надал со коленото, кои во неколку наврати го одвоија од теренот. Но, му помогна лечењето со матични клетки во неколку наврати. За седум годони колку беше на третман, Надал освои шест грен слем трофеи. Наводно со третманот со матични клетки ги реши и проблемите со грбот“, пишува британскиот таблоид.

Инаку, „крвниот допинг“ беше забранет од 2010 година, а по една година подоцна да биде легализиран бидејќи е докажано дека станува збор за мали количини на крв. Но, одредени доктори предупредуваат дека уште по првиот ден од третманот се зболемува хормоност за раст и во телото се случуваат промени кои имаат слични ефекти како стимулансите кои се забранети за спортистите.

Translate »