Неверојатно откритие на Кнајсл: „ЕУ знаеше дека пандемијата доаѓа, тајна е зошто не соработуваа меѓусебно“

„Знаевме дека ќе има пандемија, имавме планови и на национално ниво и на ниво на ЕУ во борбата против неа, па тајна е што немаше поголема соработка на политичко и на ниво на државните служби помеѓу земјите во Унијата“ – вели поранешната австриска министерка за надворешни работи, Карин Кнајсл.

„Коронавирусот не дојде како гром од ведро небо, но Европската унија сепак имаше проблеми во борбата со него да ги соедини своите членови“ – вели Кнајсл и додава дека не е сигурна што ќе биде понатаму доколку дојде и вториот бран на вирусот.

Земјите кои што се најтешко погодени од вирусот, како што се Шпанија и Италија, сè уште ги чувствуваат последиците, а некои од државите ги укинуваат мерките.

Меѓутоа, СЗО предупреди дека би можело да дојде до втор бран кој што би бил многу деструктивен, иако не е неизбежен.

„Вирусологијата е како нова форма на теологијата, имаме многу училишта и мислења. Имаме различни гласови, вирусолозите велат дека нема да има втор бран, имаме политичари кои што се обединети во предупредувањата дека вториот бран ќе се случи и дека исто така и карантините ќе треба да се повторат“ – вели Кнајсл.

„Не знам дали ќе го поправиме нашиот одговор или пак координација до октомври или ноември. Во случај да се појави нешто ново, тогаш ќе мора да управуваме подобро со тоа“ – вели пензионираната шефица на дипломатијата.

Кнајсл предупредува дека земјите ширум Европа, потпирајќи се на среќата ги укинуваат карантинските мерки и прават планови за повторно отворање на границите и оживување на туризмот.

„Секоја земја работи за себе, затоа што Брисел пропушти да го преземе водството во тој процес. Тоа само покажува дека нема координација која што треба да ја има, која што луѓето ја бараат. Во владите има многу малку мотиви да работат заедно за да бидат поефикасни“ – вели таа.

Како пример за солидарност во текот на корона-кризата многумина го наведуваат фондот за помош “тежок“ 750 милијарди евра.

Меѓутоа, како што изјавила Кнајсл тој предлог е преполн со опасности и не е сигурно дека воопшто ќе функционира.

Translate »