Д-Р ЈАНКОВИЌ ОБЈАСНУВА ЗОШТО ВО НОВИОТ БРАН НА КОРОНАВИРУС И ДЕЦАТА ОДЕДНАШ ТЕШКО ЗАБОЛУВААТ

Клиничката слика која ја развиваат деца при овој налет на коронавирус е посериозна отколку во претходниот период и повеќе слична на клиничката слика кај возрасните.
Сепак, српскиот имунолог д-р Срѓа Јанковиќ посочува дека огромното мнозинство на деца нема да имаат големи проблеми или тие ќе бидат минимални.

– Таков е случајот со огромното мнозинство на деца, како што забележавме во текот на епидемијата досега. Сепак, има смисла да ги заштитиме сите од инфекција, дури и децата, токму поради веројатноста, што е индивидуално мала, дека ќе се развие потешка клиничка слика – вели тој за „Пинк“.

Малата веројатност сепак не е гаранција дека децата нема да развијат потешка клиничка слика.

– Се разбира, кога имаме епидемија што се распламтува и кога се заразуваат голем број на луѓе, вклучително и деца, сè уште можеме да видиме, како што е случајот сега, деца кои имаат значителни симптоми и тешкотии – заклучи тој.

Translate »