АКО СТЕ ГО ИМАЛЕ ОВОЈ СИМПТОМ, МОЖНО Е ДА СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНА А ДА НЕ СТЕ НИ ЗНАЕЛЕ

Новите истражувања покажуваат дека главоболката може да биде клучен симптом на Ковид-19, кој предвидува развој на клиничка слика кај пациенти.

Наодите од една студија спроведена на повеќе од 100 пациенти покажуваат појава на главоболка за време на пресимптоматската или симптоматска фаза на напредувањето на Ковид-19, а понекогаш е присутна како напнатост во пределот на главата, а понекогаш и како мигрена.

Во друга студија спроведена на 214 пациенти за кои е потврдено дека имаат вирус на корона, откриено е дека околу 13% од учесниците имаат главоболка и 5% губење на мирис.

Појавата на главоболка, самостојно, беше поврзана со пациенти кои имаат пократки симптоматски периоди, додека главоболката во комбинација со аносмија се поврзуваше со оние пациенти кои кратко време беа хоспитализирани.

Во одредена група на испитаници, главоболките опстојуваа дури и кога прележале Ковид-19 и се опоравиле.

„Се чини дека оние пациенти кои рано развиваат главоболки, за време на асимптоматскиот или раниот симптоматски период на Ковид-19, имаат по локализиран воспалителен одговор што може да ја одрази способноста на организмот за подобра контрола и одговор на инфекција предизвикана од вирусот“, рече Патрисија Позо-Росиќ, раководител на одделот за главоболки и краниофацијална болка во Универзитетската болница Вал д’Хеброн во Барселона.
Таа ги откри овие наоди кон средината на јуни на годишниот состанок на американското здружение за главоболка.

Истражувачите испитувале 130 пациенти (51% од нив биле жени, просечна возраст од 54 години) позитивни на коронавирусот, кои посетиле невролог во болницата Вол Д’Хеброн. Во рамките на оваа група на испитаници, 74,4% од нив имале главоболка како еден од симптомите.

Оние со главоболки, генерално, биле помлади од оние кои го немале како симптом и се покажало дека жените биле повеќе склони кон нив.

Приближно една третина од нив имале историја на мигрена, но повеќето пациенти пријавиле блага до умерена болка. Кај оние учесници со силна болка и мигрена, главоболката обично започнувала за време на асимптоматската фаза на коронавирусот.

Главоболката која му претходела на типичните синдроми Ковид-19 се разликувала од вообичаената мигрена на пациентите.

„Можно е главоболката да биде манифестација на инвазија на вирус во централниот нервен систем или цитокинска бура во организмот, но потребни се дополнителни истражувања“, рече Позо-Росиќ.

За потсетување, главоболката е додадена на списокот на симптоми на вирусот корона, издадена од Централната контрола и превенција на болести на САД. Исто така, многу научници го препознаваат како еден од благите невролошки симптоми, што може да се појави дури и пред оние препознатливите симптоми на вирусот, како што се треска и кашлица.

Како и другите болки во телото, главоболките можат да бидат показател дека вашето тело се бори против алергии. Главоболките исто така можат да се појават како последица на стрес, алергии, мигрена и стари, добро познати вируси со кои се бориме со децении.

Во извештајот на Светската здравствена организација се вели дека помалку од 14 проценти од луѓето пријавуваат главоболки како симптом на коронавирус.

Translate »