Главниот американски епидемиолог: Колективниот имунитет е тотална глупост…
Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи ја критикуваше декларацијата на научници кои го поддржуваат концептот „имунитет на стадо“ или „колективен имунитет“, а кој Белата куќа го користи за поттикнување на отворање на училиштата и компаниите.
Фаучи исткна дека поддржувањето на идејата дека заразата ќе престане да се шири кога најголемиот дел од мнозинството ќе го прележи вирусот е „тотална глупост“.
Американскиот епидемиолог истакна дека секој кој има искуство во епидемиологијата и инфективните болести ќе каже дека тоа е ризично и ќе се заразат многу повеќе ранливи категории од населението, што ќе доведе до зголемување на бројот на хоспитализации и смртни случаи.
„Поради тоа, мислам дека треба да се соочиме со фактите и да кажеме дека тоа е глупост“, изјави Фаучи во разговор со “ABC”.
Соединетите Американски Држави се земја со најголем број на регистрирани случаи и починати како последица на коронавирус во светот.
Досега во оваа земја се регистрирани 7,9 милиони заразени, а 217 илјади починаа.