Нуредини: загадувањето во зимскиот период е од начинот на кој ги загреваме објектите

Имаме бројни студии досега, локални, како и меѓународни. А, исто така спроведовме и твининг проекти со Австриската агенција за животна средина и Финскиот Метеоролошки Институт. Сите тие утврдуваат дека најголемиот придонесувач за загадувањето во зимскиот период е начинот на кој ги загреваме објектите. И тука би сакал да потенцирам дека не станува збор само за домовите, туку и јавните згради“, вели во интервјуто за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

„Потоа исто така го имаме и застарениот возен парк, при што според истражувањата возилата се стари во просек по 16 години, и секако индустријата.

Оваа есен штотуку започнавме активност во партнерство со Шведската Влада преку СИДА, UNDP и Градот Скопје при што поставивме две нови станици што ќе собираат податоци во текот на 12 месеци за да се анализираат изворите на загадување. Дополнително, очекуваме да добиеме опрема од IAEA која ќе ги анализира филтрите на мониторинг станиците за да добиеме точни сознанија за конкретната композиција на честичките. За жал, поради ситуацијата со Ковид 19 може да не бидат во можност да ја достават опремата во првото тримесечие од 2021, туку најверојатно во второто“, истакна тој.

Земајќи го предвид фактот дека Скопје е во котлина и со познатите метеоролошки услови кои ја ограничуваат дисперзијата на емисиите и ги олеснуваат хемиските реакции со кои се создаваат секундарни честички, Нуредини смета дека ќе продолжиме да се соочуваме со смог додека не го смениме начинот на греење, не ја модернизираме мобилноста и не ги контролираме подобро индустриските емисии.

Translate »