Професор добил спор од 750 милиони долари и сака да обезбеди книги за сите основци во Србија
Професорот Александар Кавчиќ е граѓанин на Белград, кој докторирал на универзитетот Карнеги Мелон и предавал на Харвард. Неговиот патент – читач на магнетна меморија, незаконски го користела глобалната компанија „Марвел“, за што ги тужел и по долго судење, го добил спорот и компензација од 750 милиони долари. По тој повод, со дел од парите, тој сака да обезбеди бесплатни учебници за децата од основно училиште во Србија
Фондацијата „Алек Кавчиќ“ со години донира компјутери на Математичката гимназија во Белград, а следниот голем чекор е бесплатни учебници за учениците низ Србија.
„Учебниците мора да бидат бесплатни, така е во сите земји, дури и во западните земји. Дури и во Америка, бастион на либералниот капитализам, нема бесплатен пазар на учебници. Од пазарот на учебници, од една обврска, направивме слободен пазар, на кој сега се натпреваруваат разни издавачи, кои ќе продаваат повеќе учебници за деца од основно училиште. Бидејќи сите овие учебници се исти, генерално исти, одобрени од Министерството, единствениот начин да се разликува еден учебник од друг е корупцијата“, вели Кавчиќ.
Ако сè оди според планот, комплетите книги за основно образование, кои веќе се пишуваат, ќе бидат достапни на Интернет следната учебна година.
Професорот Кавчиќ знае дека нема лесна работа пред него, но ако го поддржат родителите, наставниците и синдикатите, тој верува дека нема да биде залудна борба.