Шилегов: Јасно е дека Бугарија за време на Втората светска војна била соработник на нацистичка Германија

loading...

„Бугарите сметаат дека на 13-ти ноември ние сме славеле нешто поврзано со Тито. Тие сакаат да го премолчиме делот во историјата каде што е јасно дека царска Бугарија за време на Втората светска војна била соработник на нацистичка Германија. Тоа за мене е неприцинпиелна позиција“, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во гостувањето на „Само интервју“.

Според него, позициите кои што си ги постави Бугарија се неприменливи и надвор од сите рамки на меѓународното право.

„Во изминатите денови во Бугарија се искажуваа позиции кои се исклучиво навредливи за македонскиот народ. Ослободувањето на Скопје е круна на борбата на македонскиот народ за своја самостојна држава. Нелигитимно е тие на свој начин да наметнат сила на другата страна. Ниеден Бугарин нема право да наметне нешто на Македонија“, потенцира Шилегов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »