Нема веќе чалам и галама на “Партизанска”, полицијата запленува мотори што ги вознемируваат граѓаните
Полициски службеници од СВР Скопје денска (06.02.2021) спроведоа акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите.
Санкционирани се седум мотоциклисти, а одземени се и два мотори, согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој стапи на сила на 26.12.2020.
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.