Зиков: С.Македонија доцни со вакцините, бидејќи беше на некој начин „изиграна“

Во своето гостување во 24 анализа, новинарот, Љупчо Зиков посочи дека е позитивен момент тоа што денес С.Македонија потпиша договор за кинеските вакцини, како и тоа дека доцниме поради тоа што сме биле на некој начин „изиграни“ од соседите, кои првенствено понудија помош и донација во однос на вакцините.

„Примарна вест денес е потпишувањето на договорот за кинеските вакцини. Се разбира, дека тоа е процес со многу предизвици, но драго ми е што и светот сфаќа дека вакцините треба да пристигнуваат од сите производители. Добро е според мене, но и за С.Македонија што веќе пристигнуваат вакцините“, истакна Зиков и додаде:

„Македонија имаше и конкретни ветувања дека ќе се договориме билатерално и со Грција, Бугарија, па дури и Србија, па да кажам бевме „изиграни“ од нашите соседи. Ова е динамичен процес, кој ќе се спроведува во текот на целата година. Оттаму, нормално е што се направи договор со Кина, а не останавме да чекаме“

Translate »