Павле Трајанов: МАКЕДОНИЈА Е ВИСОКО КРИМИНАЛИЗИРАНА ДРЖАВА

Македонија е високо криминализирана држава, според пратеникот и лидер на Демократски сојуз Павле Трајанов кој е дел од владејачкото мнозинство како коалиционен партнер на СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Тој во Тема на денот во Дневникот на Сител рече дека тоа е факт.

– Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мора да се справиме. Криминалот разорно дејствува врз целокупниот систем на државата и мора да се менуваат работите. Мора системски промени, мора да имаме заокружен и ефикасен систем, вели Трајанов.

Тој додава дека долго време како партија и тој како претседател на таа партија се ангажирале за проектот декриминализација.

Војна против криминалот да се имплементира, а  седумте државни институции чија работа е борбата со криминалот не се координирани, рече Трајанов.

Потенцираше дека не може Владата да ги координира тие тела.

– Затоа ние предлагаме Закон за борба против корупцијата и организираниот криминал. Предлагаме и формирање на Агенција што ќе ги координира сите активности. Политичка волја кај власта ниту имало, ниту ќе има во иднина за борба против криминалот и корупцијата, нагласи Павле Трајанов

Translate »