Ги убил, остатоците на телата ги сомлел и ги фрлил на кучињата (Видео)
31 годишниот Александр Маслеников ги запознал двете девојки во караоке бар во градот Волжски во Русија. Се понудил да ги испрати и оттогаш не се видени.
Олка Шапошникова(28) и Дариа Лабутина(29) , кобната вечер излегле да се забавуваат, но налетале на Маслеников, кој пред неколку месеци бил пуштен од затвор каде лежел 11 години поради силување и грабеж.
Тој ги викнал дома, каде ги силувал, а потоа ги убил. Ги сомлел нивните тела и со нив ги нахранил кучињата, а коските ги фрлил во блиската шума каде се најдени , велат полициски извори. Полицијата го уапсила во близина на Москва. Подолу можете да го видите видеото на неговото апсење.