Убиство на момче во Куманово

Веселба во Кумановско Липково заврши фатално за 19 годишното момче од Германија, со потекло од Србија. Момчето било застрелано од 63 годишен гостин кој понесен од свадбарска еуфорија испукал неколку куршуми. Еден од нив завршил во гостинот од Германија. Погоден е во градниот кош. Според МВР настанот се случил во 22 45 часот.

Додека седеле во дворот од куќата на З.Ш. (51) каде била прославата, 63-годишниот А.Ш. извадил пиштол калибар 9 милиметри, кој го поседувал без дозвола и испукал неколку куршуми од кои еден го погодил 19-годишниот Б.А..

Повреденото момче било пренесено во кумановската болница каде починало. Телото на момчето е предадено на обдукција, А.Ш. е уапсен, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 
Translate »