Грчки медиуми: На маса е предлогот ,,Нова Македонија,,

loading...

Медијаторот на Обединетите нации за името, Метју Нимиц, денес во Брисел по тригодишна пауза, ќе оствари средба со преговарачите на Македонија и Грција, Васко Наумовски и грчкиот дипломат, Адемантиос Василакис.

Подобрена политичка клима меѓу двете земји ја овозможи оваа средба, која е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни за наоѓање прифатливо решение за спорот со името, соопшти канцеларијата на Нимиц.

Иако, засега нема официјални навестувања дали Нимиц ќе излезе со нови идеи, според грчката телевизија „Стар“, на маса би можел да биде ставен предлогот „Нова Македонија“.

Претходниов предиод, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, настапи со изјави дека во моментов има расположение за разрешување на спорот и дека до решение би можело да се дојде во првата половина на 2018 година.

По заедничкиот состанок во Брисел, најевено е дека околу 12 часот Нимиц ќе даде изјава за медиумите.

 

Translate »