Нема двојазични банкноти, и амблеми за војската

 

Министерството за правда и Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор го објавија официјалниот текст на Предлогот на Законот за употреба на јазиците, кој е во собраниска процедура за усвојување.

http://www.pravda.gov.mk/documents/Predlog%20Zakon%20za%20upotreba%20na%20jazicite%20so%20obrazlozenie%20%281%29.pdf.

По усвојувањето на законот од страна на Собранието на Република Македонија, истиот ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија заедно со спорните одредби кои се однесуваат на употребата на албанскиот јазик на монети и хартии од вредност, како и на униформата на армијата.

Сепак во општините каде што Албанците се над 20% униформите на  полицијата, на пожарникарите и во здравствoто ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе бидат вметнати и  културни елементи на Албанците, додека текстот ќе биде на македонски јазик,

Законот во Собранието ќе влезе со европско знаменце, нешто за што вечерва се пофали на фејсбук и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Законот за албанскиот јазик е дел од колицискиот договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети.

ДУИ до последно тврдеше дека во законот ќе има одредба и за двојазични банкноти и амблеми на униформите на војската и полицијата, нешто за кое премиерот Заев уште како лидер на опозиција се изјасни дека е противуставно.

Translate »