Малата слика од соништата-Тони и Еми Тоциновски

Секое добро уметничко дело во себе ја има идејата и креативниот brain storming кои се главниот поттик и мотив нешто да се создаде. Тоа доведува до одредена приказна, која потоа се преточува во уметничко дело.

    Како се создаваше делото “Мала слика од соништата”.

Дали убавото во очите на посматрачот се менува со текот на столетијата? Пред него неисполнет празен простор – бело платно. Ја зеде четката в рака и почна да слика. Слободата што ја дава креативноста во творењето е најубавото нешто. Идеите навираат со голема брзина, никако да застанат. Извираат и течат, ќе се допреш до една, а другите ги забораваш. Комбинации на стари и нови техники. Се гледа естетската вредност на материјалот кој ја збогатува, неоптеретена и природна. И без шема секој на свој начин го осмислува крајот на делото. Искрен пристап на создавање. Плодот на делото е веднаш видлив.

Постигнуваме чудесност, како во сон доживеана шума. Станавме свесни дека сликата е нежна, топла, креативна и романтична. Влегуваме во неа, поминуваме покрај дрвото, планината, го дишеме чистиот и етеричен креативен дух, се грееме од топлината на боите. Ја доживуваме слободата и во мигови на вознес со возбуда се прашуваме како да ја изразиме радоста – светот во кој сакаме да живееме. Убав, чист, аскетски, наша идила. Времето запира и…тишина. Излезена сум од магијата на кругот. Не се препознавам. Седам вкочането во колоритно преплетен кардиган со иновативно нанижани густи редови плетенки.

Повеќе на

https://www.facebook.com/TonyEmiTocinovski

 

Translate »