Сакате ли повеќе мачка или куче?Одговорот кажува каква личност сте!

Ако ве прашаат дали повеќе сте љубител на мачки или кучиња, сигурно веднаш ќе одговорите. Одговорот на ова едноставно прашање, кажува многу за вас.

Ако сте љубител на мачки

Љубителите на мачки се индивидуалисти. Според мислењето на експерти, оваа особина е всушност карактеристика на мачките, кои се познати по тоа што не се прилагодуваат на сопствениците, туку напротив ги тераат газдите да се прилагодуваат на нивните потреби и ќефови. Предрасуди се дека луѓето кои сакаат мачки се неуротични, напротив. Истражувањата покажуваат дека сопствениците на мачките се покажале како емотивно стабилни личности. Тие се неконформисти  и не играат според правилата на мнозинството. По правило се дипломати, сакаат комодитет, мирна и опуштена атмосфера.

Ако сте љубител на кучиња

 

Истражувањата на психологот Самјуел Гослинг и неговиот тим го потврди мислењето дека љубителите на кучиња се воглавно друштвени луѓе, за разлика од оние што сакаат мачки. Самото тоа што кучињата морате да ги изведете надвор, на прошетка, укажува дека прифаќате активности кои ве поврзуваат со надворешниот свет, комуникацијата со други луѓе. Во повеќето случаи сопствениците на кучињата се вистински мајстори во комуницирање со потполни странци.  Тие најчесто се лојални луѓе , кои и кај другите ја ценат лојалноста. Пријателството високо го ценат, посветени се на оние кои ги сакаат, особено на семејството.

Translate »