Купот на Македонија ќе биде пренесуван и на знаковен јазик
Во обезбедувањето знаковен превод на финалето од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија, ФФМ и Национална спортска федерација на глуви на Македонија дополнително ќе ја промовираат визијата на ФФМ за создавање еднакви можности за сите и почит ко
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Национална спортска федерација на глуви на Македонија за прв пат ќе обезбеди директен пренос од фудбалски натпревар на знаковен јазик наменет за заедницата на глувонеми кои ќе го следат натпреварот во живо.
Во обезбедувањето знаковен превод на финалето од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија, ФФМ и Национална спортска федерација на глуви на Македонија дополнително ќе ја промовираат визијата на ФФМ за создавање еднакви можности за сите и почит кон сите вклучени во фудбалската игра.
–Како најголема спортска федерација во државата наша должност е во рамки на нашата социјална одговорност да бидеме еден вид двигатели на вредностите кои ги почитуваат и вклучуваат сите категории на граѓани. На овој начин ќе го збогатиме доживувањето кое го носи фудбалот за глувонемите ѓраѓани во нашата земја. Се надеваме дека со овој чекор ќе бидеме поттик и за останатите организации да дадат придонес во инклузивноста на тие групи во рамките на нивното поле на делување. Благодарност и до Национална спортска федерација на глуви на Македонија за помошта при разбирањето на нивните потреби. Нашата работа и активност за инклузија на глувонеми започна месеци пред УЕФА Супер Куп натпрварот – Скопје 2017 и многу ни е драго што пораката што ја испративме на официјалната церемонија на отворање на настанот допре до милионската публика ширум светот, изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.