Приведена актерката Ирена Ристиќ

Aктерката Ирена Ристиќ синоќа била приведена од полицијата заедно со уште едно лице.

Ристиќ се огласи на својот Фејсбук профил за настанот.

-Дури не ми го земале телефонот… Пробаа да ме стаат у Бардовци! Ме вратија у Беко! Другари, за пикавците ли…*имам модрици по раце и пцовки у уши… Алтан ми е сам! Умирам од грижа! Многу имам да раскажам! Знаете кога ќе попуштам под притисок? * и псовките и понашањето и ноктиштата љиљакови и дијалектите и немањето појма кој е кој и закони и процедури и комбиња и три лепе?! Никад! Никад!! Фино сте ме процениле! Дамбофци!!! Фала, Janaki… *едвај ги убедив дека имам право на адвокат! Се налутија шо им ги заметов пикавците кај Влада! Ебате! Да не бевте емотивно врзани, та ве изреметив?!- напиша таа на Фејсбук.

Од полиција потврдуваат дека Ристиќ е приведена, според привичните информации затоа што била во алкохолизирана состојба и одбивала да се легитимира. Повеќе детали за настанот најавија за подоцна.

 

Translate »