„Како ѓаволот да беше во моето тело“ – оваа 28-годишна мајка ги предупреди младите на коронавирусот
„Не патував надвор од мојата земја, ниту пак бев во контакт со некој кој што е заразен од коронавирусот“ – истакнала оваа 28-годишна жена.
Иако оваа мајка имала добра физичка способност, сепак истата се заразила со коронавирусот па поради тоа сега таа им испрати порака на сите млади, а ситуацијата во која што се нашла ја опишува вака: „Како ѓаволот да беше влезен во мене“ – пренесуваат од „The sun“.
Медицинските сестри, Џејми Багет, веднаш ја ставиле на респиратор во изолациска болничка соба на помалку од седум дена, веднаш откако ѝ бил дијагностициран коронавирусот.
Џејми сега е на домашно лекување и во самоизолација, но се плаши дека би можела да го разболи својот 8-годишен син.
„Не патував надвор од нашата земја, ниту пак сум била во контакт со некој кој што бил заболен од коронавирусот“ – изјавила Џејми па додала:
„Во добра кондиција сум. Често одам во теретана и се хранам здраво. Симптомите брзо ескалираа“.
Џејми, која што има астма, напоменала дека на почетокот од овој месец имала симптоми па отишла на доктор сомневајќи се дека е инфицирана.
„Имав симптоми на настинка, температура и чувствував мачнини. Докторот ми препиша антибиотици и неколку денови подоцна се чувствував подобро. Меѓутоа, и понатаму ме мачеше кашлицата. Добив воспаление на белите дробови и ми беше дијагностициран коронавирусот“.
„Ужасно ме болеше. И додека кашлав ја чувствував истата болка. Беше непрекината низ целото тело, а најмногу ја чувствував во градите. Како некој да ме избодел со нож, а сето тоа траеше“.
„Откако сум дома имам болка во градите и сè уште кашлам. Меѓутоа, многу сум подобро. Син ми е прекрасен. Ми помага и ми носи сè што ми е потребно. Баш е храбар, но сепак се плашам за него. Не покажува симптоми, но сепак јас сум анксиозна“ – истакнала Џејми.