Вангелов: Нашите соседи ја изгубија битката со „бугарскиот” карактер на македонскиот јазик уште во 1954 година

Професорот Атанас Вангелов на крајот на јуни годинава ја издаде книгата „Лирската биографија на Конески“, во која тој настојува да го долови „личниот печат“ на поезијата на македонскиот книжевен гигант Блаже Конески. Вангелов во своето дело го разгатнува и процесот на идентификација на Конески со духовните стремежи на својот народ.

Атанас Вангелов е универзитетски професор, поет, есеист, критичар, поранешен пратеник и амбасадор и  несомнено е еден од најдобрите познавачи на делото на Блаже Конески. Тој долги години се занимава со литературата на Конески, низ чие творештво јасно може да се види дека водел рововска битка за зачувување и негување на македонскиот јазик.

Прашањето за нашиот мајчин јазик повторно се актуелизира во ова време-невреме, кога на сред пандемија, Бугарија го негира македонскиот јазик, полемизира  околу потеклото на револуционерот Гоце Делчев и се заканува дека ќе ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.

„За ВМРО и Делчев второстепено беше прашањето за јазикот. На прво место беше борбата за слобода (како независна држава или автономија во рамките на Отоманската империја). Ете зошто долгогодишниот водач на врховистичкото ВМРО Ванчо Михајлов изјавил (според новинарот Верољуб Андоновски) дека ако некој треба да се убие во Македонија, тоа не треба да биде Крсте Црвенковски, туку Блаже Конески.

Веќе, во 1954 година, нашите соседи ја загубија битката за бугарскиот карактер на нашиот јазик кога знаменитиот лингвист Р. О. Јакобсон побара да го чита својот реферат на македонски јазик на Конгрес на славистите во Белград“, рече Вангелов.

izvor Fokus

Translate »