Coпpyгoт ja нaвpeдyвaл дeкa нe мoжe дa нajдe paбoтa, ja cлeдeл, ja yцeнyвaл co дeтeтo и нa кpaj ja нaтeпaл, а Центарот за coциjaлнa paбoтa ja oткaчил…
„Најмалку што можеме е да очекуваме жртвите да пријават за некој нешто да преземе. Таа жртва по пријавувањето треба да се врати дома кај сторителот, кој знае дека пријавила и заканите продолжуваат, физичкото насилство може и да се зголеми. При пријавување треба да се направи проценка на ризик, ако таа пријавува и се враќа дома, таа се става на уште поголем ризик. Домот за жената во Македонија според статистиките е најопасно место за живеење, најнебезбедно место за живеење. Статистиките на МВР се далеку од реалноста, поплаките не ги броиме. Мора да се реагира итно, насилството врз жените е голем проблем“ – рече Елена Димушевска – извршна директорка на Глас против насилството во Студио 10 на ТВ24.
„Ги охрабруваме жртвите да ги пријавуваат настаните, мора жртвите да доаѓаат во полициска станица, за да ги казнуваме насиулниците, само така може да се справиме со семејното насилство кое со години е присутно. Имаме случаи кога жртвите ќе пријават во полициска станица, па потоа ја повлекуваат пријавата. Секој чин на насилство мора да е пријавен. Секој полицаец по добиена пријава е должен да излезе на лице место, без разлика дали се работи за Ковид“ – вели Тони Ангеловски помошник-министер за односи со јавност во МВР во Студио 10 на ТВ24.
„Претпоставките се дека навистина за жената дома е најнебезбедно, таму каде што бевме сите изминатиот период, поради пандемијата. Имавме ситуација каде имаше жртва на насилство каде било одлучено да се реагира по телефон затоа што насилникот бил позитивен на Ковид 19. Жртвите се јавуваат кај нас откако мерките почнаа да се олабавуваат“ – рече Маја Атанасова – Здружение на млади правници во Студио 10 на ТВ24.
Според Атанасова, важно е имплементирање на Истанбулската конвенција во целост, бидејќи таа предвидува нулта толеранција за насилството кон жените. Сепак клучното прашање кое се поставува е колку пријавеното насилство во социјалните служби или полицијата е всушност реалната слика за семејно насилство во земјава.
– Дефинитивно бројките се далеку поголеми, но затоа мора да се поработи на подигнување на свеста кај жените за да се охрабрат да пријавуваат насилство во домот, а затоа е клучна поддршката од институциите, особено од полицијата и правосудните органи каде што треба да се оди кон завршување на постапките во целост., вели Атанасова.