Екскурзии низ Југославија, Бајага, Чола, Парни ваљак …
Веднаш да ве предупредиме , овој текст е само за оние кои израснале во бившата ни заедничка држава, добрата стара Југославија . Се слушаа Бајага и Парни ваљак, а на екскурзии се одеше низ Југославија. Нашата соговорничка, Ленче Костовска Павловска , редовен читател на нашиот портал, раскажува: “Бевме деца на едно друго време, безбедни и среќни. Завршив во Корчагин, а триесетина години подоцна, нашата дружба се уште трае. Иако, дел од класот одамна замина од Македонија во потрага по подобар живот, одлучивме да се собереме и да го повториме гиманзиското патување низ Југославија” , вели Костовска, присетувајќи се на рефренот на Бајага: ” Моји су другови, бисери расути по целом свету”.
Голем југо-носталгичар сте, кои беа вашите идоли во тоа време и дали се уште одите по концерти на бивши YU ѕвезди?
-Имавме идоли и музички и спортски , а филмовите од бившите простори останаа ненадминливи. Бајага, Балашевиќ, Парни Ваљак, Оливер, Чола … И денес сум нивен редовен фан. Не пропуштам ниедна можност да ги видам на сцена.
Не секогаш можете да го видите Раде Шербеџија како во Универзална рецитира “Не дај се Инес” во Универзална, или да му довикнете на Бајага која песна да ја испее само за вас во некој клуб. Го читавме Момо Капор, Нин и Галаксија, ги гледавме Маратонци…. Имавме светски шампиони во кошарка.
И по Тито, Тито, како сега го коментирате тоа. Точно ли е дека се што е слатко има крај, како што вели песната?
-За жал , убавите работи секогаш кратко трајат. Па така беше и со таа убава бивша држава која имаше претседател кој сакаше хумано општество за сите граѓани. Но, најважно е што и после толку време, ние од седмица, се уште се дружиме. Порано, секој 10-ти јуни одевме во парк со две гитари, а и сегашните дружења чест завршуваат со гитара и ју -песни.
mnogu ubava momava od desno mnogu me podseka na zenami
Сите наши редовни читателки се убави, уште еднаш благодариме за интервјуто со оваа прекрасна дама