Лапни си, пивни си, глеј си животот, после имотот!

 

Колку чини среќата? Колкав приход е доволен! Колку напор и труд е потребен, за среќата да трае и биде составен дел од животот. “Не можам само да седам и да не работам. Одлична ми е платата, но и покрај тоа постојано гледам нешто настрана да сработам, за да остварам дополнителен приход. Едноставно не можат да мирувам. Кога ќе си легнам навечер, помислата што се сум направил во текот на денот, и колку сум заработил..ме смирува и ме прави среќен“ знае да ми каже еден пријател. Додека друг ни будилник не го буди наутро. Јас неможам секое утро рано да станувам и по осум, девет саати да поминувам на едно работно место. Ќе полудам!..подобро од време на време некој проект да реализирам, колку некој денар да фатам..отколку да слугувам на некого… “лапни си, голтни си, глеј си животот, па после имотот, е неговото животно мото“…можеби е флегма, нема многу приходи..ама пак човеков не се замара…ретко да го видиш изморен, намќорест..напротив секогаш е кул!

Но и две илјади евра плата не се доволни, ако една личност е длабоко вознемирена, осамена, во депресија која ја лечи со потрошувачка. Обична поло маица или Томи Хилфингер маица, можеби чувството е различно, но и едната и другата по исвесно време ќе бидат стари и износени! Сиромашните секогаш велат “не е се во парите“, додека економистите ќе речат “е баш се е во парите“. Некој поминува со малку, а на некого постојано нешто ќе му недостига. Отсекогаш едни имале многу, а други малку…а среќата и долговечноста не зависеле само од парите. Така било, така и ќе биде. Некој ќе рече подобро и со малку, ама да бидам мирен, отколку да имам многу пари и еден куп лицемери околу мене.

Материјалната независност носи поголема слобода, можност за избор, сигурност, па и исполнување на одредени сонови. Таа може позитивно да влијае на намалувањето на нашите стравови и вознемиреност, најчесто поврзани со егзистенционалните прашања. Колку приходи ни се доволни за да бидеме задоволни, колку трошиме, колку штедиме за некакви подолгорочни цели, што не прави среќни зависи од карактерот на една личност. За невработено лице и плата од десетилјади денари е многу, особено ако зависи од нив (ако и подолго време е невработен) и барем извесно време ќе биде задоволен и среќен, додека за друг и шеесетилјади денари се малку доколку е егоцентричен homo consumens. Ерих Фром смета дека човекот по природа не е мрзлив, туку, напротив тој страда поради неактивност. Луѓето можеби би сакале да не работат месец, два, но најголемиот дел од нив би молеле за работа дури и ако не би биле платени за тоа. И тоа е најверојатно така, бидејќи тогаш би се дружеле, би општеле, би се осеќале живи..самата работа би ги исполнувала и правела среќни, а висината на платата би им била потолку важна. Некој пак кој не почувствувал што значи да се биде невработен, очекува ако не секоја година, барем на две години да има зголемување на платата, бидејќи нели со текот на годините расте и неговото искуство и се подобрува неговата ефикасност во работењето, и доколку тоа не се случи, кај него се создава немир и незадоволство. Што е и можеби нормално имајќи ја во предвид еволутивната природа на човекот!. А има и такви кои неретко и би искоментирале, кој јас за пониска плата од оваа што ја добивам од дома не излегувам!. Интересен е феноменот т.н. вечен студент..да се студира..8,9 години..и ветар да не те вее…си уживкаш..мама меси, тато носи…супер.. нема притисоци, обврски…среќата нема крај, однесување сосем спротивно од теоријата на Фром. Секое подрачје си има свои културолошки феномени, каде поединецот се води според личните приоритети!

Прашањето колку и што е потребно за еден нормален живот е индивидуално, а секој си го знае одговорот, логичен или не!

 

 

R. R.

 

Translate »