Ми велеа: Имаш гром жена! Пукав од љубомора, а сега сум сам како куче!
Мојата жена за првпат ја сретнав на факултет. Беше една од најубавите девојки во бруцошката генерација. И не само што беше убава,беше самостојна, паметна и бистра девојка. Уште кога ја видов првпат, бев обземен. Почнав да се врткам околу неа, како постар колега ѝ давав совети, ѝ позајмував скрипти.
Таа не изгледаше многу заинтересирано, се чинеше дека главата ѝ е само само во книгите и учењето. Другарите ме зафркаваа. Ми викаа дека таа леденица треба во пустина да ја однесам за да се стопи.
Ми стана девојка сосем неочекувано, на мое големо изненадување. После толкаво глупаво врткање околу неа, таа при едно мое долго, веројатно и досадно објаснување на една тема,наеднаш ме пресече со коментар:” Сакаш да ми предложиш или ќе продожиш со глупави објаснувања”.
Тоа беше нејзина особина, веднаш да помине на дело, без многу зборување и објаснување.Така тргнавме и убаво се слагавме. Но, во заедничките дружења со моите другари и нивните девојки, таа се држеше малку ладно, не беше блиска со ниедна од девојките, не влегуваше во расправии, не оговараше други, секогаш беше малку на дистанца.Мене лично тоа не ми пречеше или подобро кажано не сум го ни забележувал.
Се земавме откако таа дипломираше, а јас веќе бев вработен. Таа бргу се вработи, најмногу благодарение на нејзиниот ангажман во политиката. Но, да бидам до крај праведен , таа беше и вредна, паметна, умееше брзо да ги „ фати конците „.
И дома беш таква, се и одеше од рака. Ни се родија две дечиња едно по друго. Се одеше како подмачкано, но нашиот народ не рекол за џабе “‘ѓаволот ни ора ни копа”.
Првите коментари за неа беа од старите другари во смисол: Имаш гром жена, за се ја бива, чувај ти деца додека таа кариера прави…… И во мене почна полека да расте љубомора, и растеше се повеќе и повеќе. Ја пречекував од работа, од состаноци, на службените патувања нон- стоп и се јавував, а кога таа почна да реагира, ги терав децата да ја бараат. И ја претресував чантата, телефонот, дојдов до таму да и претресувам по фиоките. Во почеток таа само ми се смееше, подоцна почна да ме игнорира. Јас станував се понапорен, а таа беше се поладна и подалечна.
Работата пукна во една расправија околу нејзиното доцнење. И залепив шамар пред децата. Тоа беше крај на нашиот брак. Ми го сврте грбот без многу расправии, ги зема децата, остави се, и станот и сите работи во него, ме остави сам како куче.
Поминаа од тогаш неколку години. Бесот, го замени резигнација. Немав желба за нова врска затоа што се уште ја сакав, а и таа не се премажуваше . Децата редовно ги гледав и од нив дознавав се за неа.
Откако се разведов и коментарите за неа од другарите наеднаш згаснаа. Како више ништо за нас да не ги интересираше. Почна нешто да ме копа одвнатре, почнав да се преиспитувам себеси, со еден збор почна да ме гризе совест дали бев праведен кон неа или тоа беше само тешка љубомора.
Не можам да го вратам времето назад, а би сакал пак да бидам со неа ама не знам како да го направам тоа. Се надевам искрено дека можеби сепак има надеж за нас.
Мојата девојка е трудна, а јас се заљубив во колешката-битолски непребол