„Виталиа“ ја отвори својата прва аналитичка лабораторија

Поседувањето на најстрогите стандарди за квалитет и безбедност на храна налага подлабока и ефикасна контрола примарно на процесите на производство, но и на готовиот производ што се пласира на полиците во супермаркетите.

Свесни за потребата од детална и брза анализа на готовиот производ со цел одржување на квалитетот и безбедноста на истиот, најголемиот производител за здрава храна во регионот – Виталиа – отвори сопствена аналитичка лабораторија.

Лабораторијата беше отворена во април и е сместена во нов, модерно опремен објект со најнова опрема за вршење физичко-хемиски анализи вклучувајќи Елиса – спектофотометар, влагометар – термогравиметриски метод кој овозможува мерење на % на влага во примероци, метода за испитување на глутен – RIDASCREEN® Gliadin (Art. No. R7001) како и инкубатор за микробиолошки анализи.

Оваа година лабораторијата ќе биде акредитирана според стандардот ISO 17025 при што ќе се зголеми бројот на методи за анализа на сопствените производи како и можноста да ги дава своите услуги на други компании.

“Нашата цел е со строго контролираните услови и можноста за брзи и прецизни анализи да обезбедиме и испорачаме високо квалитетни производи кои ќе ги задоволат потребите на крајниот потрошувач. Се стремиме да одржиме висок професионализам, флексибилност, доверливост и компетентност во строга согласност со законските и техничките правила и норми. Нашиот тим вклучува високо мотивирани лица со експертиза за барањата на стандардот ISO 17025 за лаборатории“ – изјавија од компанијата.

Новата лабораторија на Виталиа ја потврдува стратешката определба на компанијата за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и здрави производи изработени во согласност со најстрогите светски стандарди.

Translate »