Колумна: За да почувствуваме среќа треба првин да ја побараме
Колку често во животот сте нашле детелинка со четири ливчиња? Дали сеуште ви се случува да се наведнете и да побарате, или одамна се откажавте?
Сите знаеме за верувањето дека да се најде детелинка со четири ливчиња – носи среќа.
Најважно во ова верување за мене се зборовите “да се најде” и “носи”. Дали за да почувствуваме среќа треба првин да ја побараме, па да ја најдеме?
Сите ние мечтаеме кон некаков баланс и секако дека не е секогаш лесно и едноставно да го одржиме.
Бидејќи во иднината, минатото е секогаш присутно, ние живееме напред, меѓутоа разбираме наназад. Затоа е важно да се погледнете себеси од една поширока перспектива. Но, за да се разберете себеси, најпрво, откријте ги четирите полиња кои што ја градат целината:
Ментално
поле, поле на телото, поле на
енергија и поле на душата.
Сите четири полиња преку кои свесно
или несвесно дејствуваме, доживуваме, чувствуваме и комуницираме, симболично ја
претставуваат детелинката со четири ливчиња.
Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат. Умешноста е во тоа
да знаете да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате
хармонија во сите други полиња.
Откријте што е тоа што треба да го
направите и од кое поле може да почнете.
Дали надворешните тригери, околината, луѓето предизвикуваат дисбаланс во вашата
детелинка на среќа или пак тригерот доаѓа одвнатре?
Ментално поле
За да го смените начинот на
размислување и на однесување и да креирате нови, мотивирачки обрасци, потребно
е да ги освестите несвесните програми кои што се случуваат во менталното поле.
За тоа најдобро ќе ви користат НЛП техниките.
За да го зајакнете вашиот ментален имунитет потребно е да се ослободите од сите
лимитирачки верувања и да се запрашате дали е можеби време да креирате нови
вредности?
Затоа кога инвестирате во себе, во својот личен и професионален развој,
промените ќе бидат долгорочни само доколку се погледнете себе си од една друга
поширока рамка. Системскиот пристап овозможува пренасочување на фокусот од однесувањето
кон целата системска динамика која што постојано вибрира и е во процес.
Поле на телото
Вие живеете во вашето тело и
затоа не е доволно само да ја реновирате фасадата и однадвор да го прикривате
тоа што го живеете одвнатре. Тој дом бара целосна нега.
Сето она што ни се случува во нашата глава телото го процесира, филтрира и го
покажува. Затоа физичката активност е многу значајна.
Со што го храните вашиот дом?
Запомнете дека секоја мисла што ќе му ја дадете на вашиот мозок, тој ќе ја изеде и сета храна што ќе му ја дадете на вашето тело исто така ќе ја изеде.
По телото можеме да ги препознаеме менталните процеси. Телото беспрекорно укажува на тоа каков е нашиот интерен дијалог, како се справуваме со самите себе, како ги трансформираме емоциите и како се соочуваме со предизвиците од околината.
Секој дел од нашето тело е во постојан контакт со сите наши мисли, со сите информации што ги восприемаме преку сетилата. Телото реагира на секој стимул, предизвикан од нас самите или од околината.
Сите тие сензации се информации од менталното, енергетското или од полето на душата.
Во текот на денот потребни се моменти кога ќе можеме да ја “симнеме главата во стомакот”, т.е. да се почувствуваме себеси.
За да го постигнеме тоа чувство и да креираме свесност за сензациите кои што ги чувствуваме, единствено можат да ни помогнат тишината и свесното дишење.
Во тишината се јавува сета наша ментална бука. Таа ментална бука можеме да ја смириме преку дисоцирањето од сензациите и преку свесното дишење.
Дишам значи постојам!
Преку дишењето ние се поврзуваме со самите себе, со природата околу нас и со сето она што не опкружува. Дишењето е доказ дека постоиме и дека сме дел од целината. Дишењето не потсетува дека постои сегашен миг. Се е вибрација и се има свој ритам. Вашето дишење е вашиот уникатен ритам на живеење.
Секојдневната детоксификација на телото преку дишењето е одличен начин за прочистување на телото и умот и за ослободување на креативната енергија што ќе ве освежи, ќе ве подмлади и ќе ве исполни со позитивна енергија.
Целиот ваш процес на промена, независно дали инвестирате во вашиот личен и/или професионален развој, потребно е да го поткрепите со физичка активност, свесно дишење и моменти на тишина.
Енергетско поле
Перцепцијата за време и
начинот на кој што ги искажувате и ги користите емоциите се ваш личен избор.
Животот е емоција! Се што правите во животот, правите за да задоволите или да
избегнете некакво чувство, емоција. Емоциите се единствена движечка сила што
свесно или несвесно го управуваат вашиот живот.
Емоциите за сите нас се исти, независно во кој дел од светот живееме. Разликата
е во начинот на кој што се справуваме со нив. Секоја емоција е таква каква што
е и сигурно не е случајна.
Поважно е што со неа? Дали ќе и се спротивставуваме, ќе ја негираме,
потиснуваме или пак ќе ја прифатиме, ќе ја почувствуваме и ќе ја
трансформираме? Емоциите ни се дадени за да ги чувствуваме, а не за да ги
игнорираме. Тие ни се патоказ во животот.
Предизвикот е во тоа што најчесто се асоцираме со нив. Трансформацијата
настанува тогаш кога ќе успееме да се дисоцираме од емоцијата и случката да ја
посматраме од друга перцепција.
Способност на еден индивидуалец да може да ги препознае своите емоции и
емоциите на другите, да ги етикетира правилно и таа емотивна информација да ја
користи за да ги управува размислувањето и однесувањето, се вика емоционална
интелигенција, т.е. самосвест.
Колку сте свесни и умешни да можете да ја одвоите емоцијата од однесувањето и
тоа да го ставите во поширока рамка?
Наједноставно кажано е дека во моментот меѓу чувството и мислата лежи вашата
моќ.
Колку побрзо ќе станете мајстор во освестувањето на просторот помеѓу чувството
и мислата, толку полесно ќе можете да бидете присутни во сегашниот миг и вие да
направите избор како ќе се однесувате и
како ќе дејствувате.
Енергетското поле управува и со перцепцијата за време.
Најчест изговор за да се направи било што е “немам време”!
Начинот на кој што го доживуваме времето е избор и тој избор не е случајно
направен. Животните предизвици, случки и настани ја креираат нашата перцепција
за време.
Како се соочуваме со фактот дека животот има некаква временска рамка, зависи од
нашиот однос спрема животот и смртта. Тој однос е исто така поврзан со
стратегијата за преживување. Истата, првично, несвесно ја имаме прифатено од
нашите родители.
Сите ние имаме 24 часа на располагање. Некои луѓе имаат време за се, а некои се
во постојана трка со времето. Разликата е во тоа што едните го инвестираат
времето, а другите го трошат!
Кога точно знаете кој е резултатот што сакате да го постигнете, тогаш знаете и во
што ќе инвестирате време и енергија.
Кога сте фокусирани, свесни и знаете каде се движите, тогаш повеќе нема смисла
да “трошите” време и енергија во
нешто што не ви го дава очекуваниот резултат.
Поле
на душата
Покрај менталното, полето на телото и енергијата , значајно е и полето на
душата. Има нешто повеќе од телото и умот, нешто што не поврзува и што влијае
на сите други полиња.
Сите оние испреплетени динамики што се провлекуваат низ целиот наш живот и што
не прават да бидеме тоа што сме, произлегуваат од семејните системи.
Доколку сакаме да
креираме проемена не е доволно да се фокусираме само на однесувањето, на
емоциите или пак да правиме нешто со телото, туку треба да се погледнеме и од
една друга перцепција.
Системскиот пристап, поврзан со Невро лингвистичкото програмирање, дава една
друга димензија во справувањето со несвесните процеси. Откривањето и решавањето
на несвесните обрасци во семејните релации може да предизвика значајна промена
во перцепцијата, однесувањето и дејствувањето на секој поединец.
Влијанието на овие системски, семејни поврзаности е многу значајно и не треба да се запостави.
Единствено нешто што патува низ тие системи, низ сите полиња, низ
безвременската димензија, е емоцијата.
Припаѓањето е една од најдлабоките човечки потреби. Тоа е сржта т.е. она што ги
поврзува сите ливчиња од детелинката на среќа. Во вас тлее копнежот да бидете
видени, прифатени т.е. да припаѓате.
Доколку тој копнеж не е задоволен вие секогаш ќе барате начин таа празнина да
ја пополните, нешто што ќе го задоволи вашето чувство на припадност. Во потрага
по припадноста, за да преживеете, создавате разни стратегии на однесување и
справување. Голем дел од нив се лимитирачки. Чувството на припадност ја креира
мотивацијата, желбата за растеж, за допринос и секако лојалноста.
Најважно е да се освести дали лојалноста ве ограничува или ве инспирира, ве
мотивира?
Лојалноста го гради балансот на давањето и земањето. Истиот е примарен за
длабочината, интензитетот и за квалитетот на живеењето.
Затоа најголемиот предизвик е да бидете поврзани, но не врзани!
Врзаноста предизвикува грижа на совест, очекувања и ограничувачка лојалност.
Поврзаноста креира чувство на слобода.
Освестувањето на
чувството на припадност и фактот дека сте дел од целината, може да креира
големи промени, не само кај вас туку и во околината во којашто дејствувате.
Промените се рефлектираат во начинот на кој се однесувате, вашите способности,
верувања и вредности, вашиот идентитет и, секако, мисијата и визијата.
Тогаш животот добива друга смисла.
Прашањето е: “Како да
се остане човек?”
Ние не можеме да опстанеме сами.
Потребни ни се другите луѓе за да бидеме хумани. Човекот е човек, преку другиот
човек. Затоа креирајте здрави релации и секогаш имајте системска свест.
Земјата ни е дадена, а светот го креираме
самите!